Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Меси го запре автомобилот на семафор. Погледнете што се случи тогаш

Лионел Меси има потпишано безброј дресови, фотографии и навивачки реквизити како истакнато лице на Барселона, Пари Сен Жермен и аргентинската репрезентација. Сега истото го прави како играч на Интер Мајами и на места каде што навистина не се очекуваат вакви потези.

Хит видео споделено на социјалните мрежи го покажува моментот кога Меси го запира автомобилот пред црвен семафор. Видеото е снимено од автомобил кој застанал до тој на Меси. Момчето од тоа возило го фрла дресот на Аргентина низ спуштениот прозорец на автомобилот на Меси, а најголемата аргентинска ѕвезда потоа, додека автомобилите поминуваат покрај него и свират, се потпишува на дресот и го враќа.

Од автомобилот се слушаат зборовите: „Те сакам повеќе од татко ми“.

Advertisement