Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси излезе, ПСЖ даде гол и победи, сите скокнаа само тој не

Синоќа на дербито во Француската лига 1 против Лион, ПСЖ од првата минута настапи со Меси, Мбапе и Нејмар. Сепак, ПСЖ победи откако Меси излезе од игра, а стрелец на победничкиот гол беше Икарди. Меси негодуваше зошто Покетино го извадил од игра, а потоа камерите го снимаа на клупата за резерви кога Икарди го постигна голот во финишот на мечот. Сите скокнаа освен Аргентинецот, кој по неколку секунди стана да види што се случува на теренот. Според видеото може да се заклучи дека Меси не се израдува премногу. Инаку, тој се уште не постигнал гол во дресот на ПСЖ.