Фудбал
ВИДЕО: Михајловиќ и Болоња го разбија Лацио
Фантастична партија одигра Болоња на тренерот Синиша Михајовиќ. На домашен терен го понижија Лацио славејќи со 3:0. По само 17 минути игра Болоња веќе водеше со 2:0 со головите на Бароу и Тете. Во вториот дел, поточно во 68-та минута Хикеј ги постави конечните 3:0. За проблемите да бидат уште поголеми за Лацио, мечот го заврши со играч помалку откако Ачерби заработи исклучување.
Болоња со оваа победа собра 11 бодови, исто колку Лацио, Јувентус и Аталанта.