Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Милан е нов лидер во Серија А, барем до вечерва!

Милан славеше против Венеција во 21. коло од италијанската Серија А со 0:3.

На самиот почеток гостите стигнаа до водство кое не го испуштија до крајот. Златан Ибрахимовиќ погоди на асистенција на Лео во втората минута.

До одморот Милан имаше шанси, но домашниот голман се истакна со добри интервенции.

Сепак, тој повторно капитулираше во 48. минута. Повторно асистент Леао, а Тео Ернандез погоди за 0:2.

Во 58. минута Свобода со рака го блокираше голот на Милан и на тој начин направи пенал, доби директен црвен картон, а Тео Ернандез ја презеде одговорноста и погоди за конечен резултат 0:3.

Милан со оваа победа го презеде врвот во Серија А барем до вечерва. Сега имаат 48 бода, два повеќе од Интер, но и два меча повеќе. Интер вечерва од 20:45 часот го пречекува Лацио во дербито и ќе има можност со победа да се врати на врвот.

Во следното коло Милан ја пречекува Специја, а Венеција Емполи.

Реклама

Facebook

Реклама