Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Милан постигна историски гол, но тој е нерегуларен?!

Екипата на Милан на гостински терен славеше со 2:1 против Сасуоло и ја задржа челната позиција. Стрелци на головите беа Леао и Салемакерс, додека единствениот гол за домаќините беше дело на Берарди.

Особено значаен голот беше на Леао, кој освен тоа што му донесе водство на Милан за полесен продолжеток на мечот, беше воедно и најбрзиот гол постигнат во историјата на Серие А. Фудбалерот на Милан ја затресе противничката мрежа во 7-та секунда. Веднаш откако тргнаа од центарот, гостите седум секунди подоцна водеа со 1:0.

Сепак, овој гол е нерегуларен. Поранешниот судија Лука Марели вели дека Леао бил на противничката половина пред да биде изведен почетниот удар, што секако според правилата е нерегуларно, но додава дека ваквите ситуации ВАР технологијата не ги третира.

-При првиот гол на Милан, Леао е на другата половина уште пред да се изведе почетниот удар. Ако се погледне теоријата тоа е неправилно. Сепак, ова е ситуација која ВАР не ја опфаќа, порача Марели.