Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Милан преку ноќ донесе играч кој е принудно решение по повредата на големото засилување

Првиот голман на Милан Мајк Маињан се повреди, и тоа во лош момент, кога на тимот одлично му оди. Тој секако беше големо засилување, нешто што го покажа на изминатите мечеви, меѓутоа се повреди па ќе мора на операција. Паузата ќе биде неколку недели.

Поради тоа раководството веднаш се пушти во потрага по негова замена. Тоа ќе биде Антонио Миранте. Утрово тој ги мина лекарските прегледи, ќе потпише договор до јуни, со можност за продолжување на соработката. Миранте последно беше член на Рома, но му истече договорот, па неколку месеци е слободен.