Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Милан шокиран на домашен терен, убедлив пораз, на последните два меча примиле 7 голови

Од ремито со Интер, Милан во Серие А не знае за победа, иако претходно беше во победничка серија. Во минатото коло беше поразен од Фиорентина со 4:3, а попладнево на домашен терен е шокиран од Сасуоло со 3:1. Дека навистина не им оди како што треба, пред се во дефанзивата покажува и фактот што Милан на последните два меча примил вкупно седум голови.

Натпреварот добро започна за домашните фудбалери кои поведоа со голот на Ромањоли во 21 минута, но нивната радост траеше само три минути. Скамака погоди за 1:1, а во 33-тата минута Кјаер ја затресе сопствената мрежа за водство на Сасуоло. Во вториот дел се очекуваше голем притисок на Милан, но наместо тоа „Росонерите“ примија уште еден гол. Берарди во 66-тата минута ги постави конечните 3:1.

Воедно, Милан мечот го заврши со играч полаку откако Ромањоли заработи втор жолт и исклучување.

Милан остана на второто место со 32 бодови, но по оваа лоша мини серија, сега на трето пласираниот Интер му бега само 1 бод, иако претходно беа седум. Лидерот Наполи кој исто така има 32 бодови вечерва игра против Лацио.

 

Реклама

Facebook

Реклама