Фудбал
ВИДЕО: Мислите дека Салах не се израдува на голот на Фирмино? Погледнете подобро
Египетскиот фудбалер Мохамед Салах, ни крив ни должен се најде во центарот на вниманието по натпреварот на Ливерпул со ПСЖ.
Редсите го постигнаа победничкиот гол во судиското надополнување, а во текот на ТВ преносот можевме да видиме дека Салах „не се радува“ на голот на својот соиграч Фирмино.
Меѓутоа, и снимката знае да не излаже затоа што камерите не го прикажаа деталот кога Салах ги дигна рацете во воздух по голот на Фирмино, а фрлањето на шишето следуваше неколку секунди подоцна.
Многумина едвај чекаа за по Салах да фрлаат „дрва и камења“, но следниот пат сигурно дека два пати ќе размислат.
https://twitter.com/_RoarOfTheKop_/status/1042175470748553222