Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Младиот напаѓач на Спортинг доаѓа на „Етихад“

Португалскиот великан Спортинг не се наоѓа баш во најдобра позиција. Многу играчи веќе заминаа, а и голем дел од ти што останаа сакаат да заминат. Шампионот на Англија, Манчестер Сити, сака да ја искористи оваа ситуација за во своите редови да го донесе 19-годишниот Португалец Рафаел Леао.

Рафаел не сака да го продолжи договорот со, па така, во интерес на Спортинг е да го продаде ова лето и да земе пари за него наместо, следната година да го пушти да си замине како слободен играч. Таа шанса сака да ја искористи Манчестер Сити, кој сака да го донесе Португалецот во своите редови за наредната сезона.

Рафаел во минатата сезона запиша три настапи за Спортинг и постигна еден гол, а ги помина и сите младински селекции на Португалија.