Фудбал
ВИДЕО: Многумина се смееја на потегот на играчите на Аталанта и Валенсија по химната
Аталанта вчера се избори за место во четвртфиналето во Лигата на шампионите совладувајќи ја Валенсија во реваншот од осмина финалето на „Местаља“ овој пат со 4:3.
Натпреварот ќе биде запаметен по голем број работи. Видовме дури седум погодоци, Јосип Иличиќ постигна четири, а натпреварот се одигра пред празните трибини.
Причината поради која немаше гледач беше, се разбира, коронавирусот, а покрај таа мерка за забрана, беше воведена и друга – нема ракување помеѓу играчите. Ова ги збуни играчите на двата тима, па видовме многу комична ситуација пред натпреварот.
По интонацијата на химната на Лигата на шампионите, играчите нормално прво се поздравуваат меѓусебно, а потоа и судиите, но бидејќи беше забранет поздрав, играчите не знаеја што да прават, а тоа посебно се однесуваше на капитените.
На крајот, сепак, сите отидоа на своја страна, и сè изгледаше прилично чудно. На крајот на краиштата, видете сами:
Nobody knew what to do after the Champions League theme finished ? pic.twitter.com/oz8UIU9DnO
— Football on BT Sport (@btsportfootball) March 10, 2020