Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мохамед Салах го потврди пласманот на Египет во четвртфинале

Репрезентацијата на Египет вечерва по пенал серијата ја  совлада селекцијата на Брегот на Слоновата Коска во осминафиналето на Африканскиот Куп на нации. Во регуларниот дел, но и во двете продолженија по 15 минути, двете селекции има свои шанси, но мрежите мируваа. Во пенал серијата кај Египет сите погодија, а кај Брегот на Слоновата Коска не реализираше само Биали. Последен кај Египет во серијата беше Мохамед Салах кој го потврди пласманот во четвртфиналето каде ќе играат против Мароко.