Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Момче од Белград го исмеа Нејмар во живо на бразилската телевизија и стана светски хит

За денеска на Светското првенство во Катра се закажани четири нови натпревари .

Најинтересен пар секако е дуелот помеѓу Бразил и Србија. Хрватските соседи се полни со самодоверба и најавуваат победа против Нејмар и компанија.

Натпреварот наиде на голем интерес и кај Бразилците, па еден бразилски новинар кој работи за ЕСПН отишол во Белград и ги прашал Србите за мислење.

Advertisement

Бразилецот налета на момчето кое му даде изјава за дуелот, кој подоцна стана хит на социјалните мрежи.

Србија ќе победи со 3:0. Прво Митровиќ ќе постигне два, па Влаховиќ, а Нејмар ќе падне и ќе плаче како бебе“, изјави момчето, а неговата изјава ја пренесоа бројни светски медиуми. Бразилците тоа го сфатија како провокација.

Advertisement