Connect with us

Фудбал

ВИДЕО Момент за историја, судија го поништи голот користејќи ВАР, а потоа објаснуваше преку разглас

ФАБИО ВЕРИСИМО, судијата на натпреварот помеѓу Рио Аве и Брага (0:0) во 25. коло во португалскиот шампионат, влезе во фудбалската историја. Во 64. минута гостите постигнаа гол кој судијата го отфрли откако ја преиспита својата одлука со помош на ВАР. Разгледувајќи ја снимката од акцијата забележа дека е во офсајд и го поништи голот.

Но, потоа следеше преседан. Верисимо побара да му се вклучи микрофонот преку системот за јавно обраќање на стадионот, а потоа им ја објасни одлуката на сите на трибините, како и на оние кои го следеа натпреварот преку телевизиски и радио преноси. Поконкретно зошто го поништи голот.

Португалците одлучија дека заради транспарентност при носење или менување одлуки со помош на ВАР, судиите јавно ќе ги објаснуваат ситуациите и одлуките веднаш по нивното донесување. Што се однесува до внатрешните разговори меѓу судиите на теренот и оние во ВАР-салата, тие остануваат доверливи.

Advertisement