Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Момци израдувајте ја повторно нацијата на овој голем празник, еве како ја „срушивме“ Германија во Дуизбург

Македонија вечерва во рамките на квалификациите за пласман на СП игра против силната Германија. Германците се лидери во групата со 18 бодови, а Македонија е втора со 12. До крајот на квалификациите остануваат уште три меча заедно со вечерашниот против Германија, после следуваат Ерменија и Исланд. Секако секој бод ќе ни биде важен за освојување на второто место, со оглед на тоа дека Германија е веќе далеку на лидерската позиција. Па, затоа и вечерва се надеваме на ново изненадување како на првиот меч во Дуизбург кога го шокиравме светот и славевме со 2:1 што беше прв пораз на Германија на домашен терен во квалификации за СП во последните 20 години.

Момци, израдувајте ја нацијата уште еднаш на овој голем празник, 11 Октомври.