Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Му даде гол на Реал Мадрид за паметење, но се уште не може да поверува-Снимката ја гледав 100 пати

Во рамките од второто коло од ЛШ во вторникот Шериф Тирапспол славеше како гостин против Реал Мадрид со 2:1. Тие во моментов се лидери на табелата пред Реал, Интер и Шахтјор со максимални 6 бодови од два меча. Победничкиот гол го постигна репрезентативецот на Луксембург, Себастијан Тил на фантастичен начин. Како што вели самиот, се уште не може да поверува дека го совладале Реал и дека постигнал гол кој ретко се постигнува во кариерата.

– Сите мои пријатели ја објавија снимката на социјалните мрежи и ја гледам кога ќе го земам телефонот. Ја погледнав повеќе од 100 пати, изјави Тил за Би-Би-Си и додава:

-После ова, веројатно многу повеќе луѓе во Луксембург знаат кој сум јас. Голот е неверојатен, најубав и најзначаен во мојата кариера. Како деца, сите сонувавме за ова, но на почетокот не бев ни свесна дека го постигнав победничкиот гол на Бернабеу, рече Тил.