Фудбал
ВИДЕО: Му „украде“ победа на Манчестер Јунајтед, а голот го прослави во стилот на Роналдо
Манчестер Јунајтед на домашен терен одигра само 1:1 против Евертон иако беше голем фаворит. Зачудувачки беше тоа што мечот од клупата за резервни фудбалери го почнаа неколку ѕвезди, меѓу кои Роналдо, Сане, Погба…
Јунајтед поведе во првиот дел со голот на Марсијал, а израмни Таунзент во 65-та минута, а интересно е тоа што одлучи голот да го прослави во стилот на Кристијано Роналдо.