Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мурињо до Бејл-Сакаш да останеш тука или да се вратиш во Реал Мадрид, камерата снимила се

Герет Бејл по враќањето во Тотенхем од Реал Мадрид не се врати во посакуваната форма како што мислеше. Иако многумина очекуваа дека тој ќе биде оној стариот, пред да замине, сепак тоа не се случи. Се појавија информации дека Тотенхем би можел да ја прекине позајмицата и да го врати назад.

Во прилог на ова одат и последните случувања на еден тренинг. Имено, додека фудбалерите тренирале Мурињо бил со Бејл на кого му рекол:

-Сакаш да останеш тука или да одиш во Реал Мадрид и да не играш фудбал, го прашал Мурињо.

Сето ова како аудио го снимила камерата која била вклучена додека траел тренингот.

Бејл дојде во Тотенхем на почетокот на оваа сезона на двегодишна позајмица.