Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: На боксот му требаа 24 години да дојде до апсолутен шампион: Усик го собори Фјури, кому само гонг му помогна да остане на нозе

Секоја чест за боксот, добивме апсолутен шампион! Олександр Усик од Украина е неприкосновен светски шампион во тешка категорија, а тоа слободно можеме да го кажеме откако Украинецот го совлада Тајсон Фјури во спектакуларен меч одржан во Ријад.

Беа потребни 24 години за боксот да добие апсолутен шампион во тешка категорија. Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука по 12 кола , а ние гледавме незаборавен спектакл во Ријад.

Не треба да заборавиме дека Украинецот остана непоразен со скор од 22 победи, и логично без пораз во професионалната кариера. Фјури забележа неуспех по 34 успешни борби и реми.

Ријад имаше што да види, бројни светски ѕвезди беа во „Кингдом арената“, а покрај фантастичен бокс, го видоа и Усик кој на свој начин ја прослави победата – со ладен поглед, но подоцна се расплака кога разговараше. за неговиот татко.

https://x.com/HappyPunch/status/1791973279273517214

Advertisement