Други спортови
Видео на Ѓоковиќ како игра со коза стана хит, но еве и зошто (ВИДЕО)
Зад Новак Ѓоковиќ е бурен дел од сезоната – освојување на 24. Грен слем на УС Опен, доаѓање во Белград на пречек, потоа Дејвис купот во Шпанија и потоа заслужен одмор.
Најдобриот српски спортист ќе одмара до крајот на октомври кога се очекува да настапи на Мастерсот во Париз, а дотогаш има доволно време да ги наполни батериите.
Alert everyone 🚨
This is NOT a montage!!!This is actual footage of THE GOAT @DjokerNole 🐐 with a GOAT 🐐 !!!
🤩🤩🤩
📸: https://t.co/HEbXJFfsyp pic.twitter.com/ALRty7YMKI
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) September 25, 2023
Решил тоа да го направи во Србија, па на социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од Космај каде Новак Ѓоковиќ поминувал време во природа… Обожавателите на најдобриот тенисер на сите времиња посебно паднаа во очи на видеото на кое се гледа како Новак Ѓоковиќ си игра со коза, а симболиката е повеќе од јасна!
Часлав, e име на животното со кое играше најдобриот српски спортист, ја претставува и неговата доминација „ГОАТ“ во светскиот тенис речиси две децении!