Фудбал
ВИДЕО: Најскапиот фудбалер во светот Нејмар промаши празен гол
Репрезентацијата на Бразил ја совлада Колумбија (2-1) и се пласира во четвртфиналето од Копа Америка.
Ѕвездата на ПСЖ ептен се посрамоти во 68. минута и тоа кога противникот го имаше водството, но иако го мина и голманот Оспина, сепак, не успеа да ја затресе мрежата. Поради ова неверојатно промашување со него се мајтапат илјадници фудбалски фанови ширум светот.
Нејмар во еден момент го помина и голманот, па промаши празен гол, но за среќа неговата репрезентација успеа да победи и да се пласира во четвртфиналето.