Фудбал
ВИДЕО: Наполи ја наполни мрежата на Фиорентина до врвот, Елмас одигра 15-тина минути
Каков само меч одигра Наполи. Ја декласираше Фиорентина со 6:0. Како на филмска лента се редеа головите во првото полувреме кое заврши со четири голови во катастрофалната Фиорентина денеска. Прво Инсиње погоди во 5-та минута, потоа Деме во 36-та, а две минути подоцна во листата на стрелците се запиша и Лозано. Во последната минута од првиот дел Зелински зголеми на 4:0.
Во вториот дел Наполи постигна уште два гола. Инсиње од пенал во 72-та го постигна својот втор гол на мечот, а конечните 6:0 ги постави Политано во 89-тата минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните петнаесетина минути за Наполи.
Со оваа победа Наполи дојде до третото место со 34 бодови, три помалку од второпласираниот Интер и шест помалку од лидерот Милан. Фиорентина е на 14-тото место со 18 собрани бодови.