Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Наполи ја разби Болоња, Елиф Елмас од прва минута

Тимот на Лучијано Спалети игра феноменална сезона, а нова жртва синоќа беше Болоња која немаше никакви шанси на стадионот „Диего Марадона“.
Наполи поведе во 18. минута. Фабијан Руиз постигна прекрасен гол од 20 метри за предност од 1-0. Домашните во преостанатиот дел од натпреварот напаѓаа со сите сили, а до вториот гол стигнаа во 41. минута. Медел играше со рака во шеснаесетникот, а судијата покажа на белата точка. Лоренцо Инсиње ја презеде одговорноста за изведувањето пенали и погоди прецизно за 2:0.
Продолжението сепак носи доминација на домашната екипа, така што точката на овој меч беше поставена во 62. минута. Досуден е нов пенал, а Инсиње повторно беше прецизен за 3:0.
По 10 одиграни кола Наполи е на првото место со 28 бодови, колку што има и Милан.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше од првата минута, а играта ја напушти во 75-та минута кога на негово место влезе Мертенс.