Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Наполи постигнал гол по само 9 секунди, меѓутоа тоа не е рекорд во Италија

Наполи загуби на гостувањето кај Верона со 3:1 иако први поведоа. Како за утеха во овој убедлив пораз можеби на Лозано ќе му остане брзиот гол кој го постигна. Имено, тој ја затресе мрежата на домаќините по само девет секунди игра. Сепак, ова не е најбрзиот гол постигнат во историјата на италијанската лига.
Рекордот го држи фудбалерот на Милан, Леао кој пред речиси еден месец против Сасуоло постигна гол по само шест секунди игра.