Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Наполи води, фантастичен соло продор на Елиф Елмас, го сопреа со пенал, запиша и асистенција

Наполи по првото полувреме води со 2:1 против Салернитана, а македонскиот интернационалец е на теренот од првата минута. Тој практично му асистираше на Хуан Жезус во 17-та минута за водство на Наполи од 1:0 кога со рамо, малку среќно ја спушти топката до неговиот соиграч.

Во 33-тата минута Бонацоли израмни на 1:1, а во судиското продолжение од првото полувреме Елмас изнуди пенал, кој во гол го претвори Мертенс.