Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Навивач фрли чаша со пиво кон Гвардиол, а неговата реакција ги воодушеви сите

Лајпциг синоќа го декласираше Клуб Бриж на гости со 5:0 во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите.

Германскиот клуб нема шанси да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но со белгискиот клуб се бори за третото место во групата што напролет води во Европската лига.

Лајпциг му се реваншираше на Клуб Бриж за поразот во првата пресметка, а синоќа беа декласирани на стадионот Јан Брејдел со 5:0.

Германскиот клуб реши се во првото полувреме, по што поведе со 4:0. Но, деталот кој го одбележа синоќешниот натпревар се случи при прославата на еден од головите на Лајпциг.

Имено, за време на прославата, еден од навивачите на домашниот клуб фрлил чаша пиво кон играчите на Лајпциг, а чашата тргнала кон хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол.

Но, Гвардиол успеа да види што се случува и одлично се снајде бидејќи реши да удри во стакло, а потоа да ги исмева навивачите на Клуб Бриж, а неговата реакција ја воодушеви фудбалската јавност.

Многумина велеа дека Гвардиол не сакал да прави никаква драма за чаша пиво, што реално би можел, бидејќи доколку ја искористел на таков начин, судијата можел да го прекине мечот, но хрватскиот дефанзивец на крајот решил да се однесува како ако ништо не се случило.

Реклама

Facebook

Реклама