Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Навивачите на Манчестер Јунајтед на фантастичен начин му го честитаа 80-тиот роденден на Сер Алекс Фергусон,

Манчестер Јунајтед синоќа на домашен терен го победи Барнли со 3:1 во натпреварот од 20. коло на англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ стигнаа до трите бода пред своите навивачи и успеаја со победа да ја завршат 2021 година.

Натпреварот на Олд Трафорд го одбележа и Сер Алекс Фергусон кој синоќа беше на трибините. Легендарниот стручњак денеска го слави својот 80-ти роденден, а навивачите на Јунајтед го прославија на одличен начин.

Навивачите на Јунајтед покажаа одличен транспарент со кој му го честитаа роденденот на еден од најдобрите тренери на сите времиња.