Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Не е како што очекуваше, Гризман исвиркан од навивачите на Атлетико Мадрид

Антоан Гризман, кој се врати во Атлетико Мадрид од Барселона, прво на позајмица, а потоа треба да биде откупен неговиот договор, не е дочекан од фановите на „Јорганџиите“ како што се очекуваше. Наместо овации, тој доби свирежи. Имено, на мечот против Порто, тој во игра влезе во вториот дел, а навивачите на Атлетико Мадрид го поздравија со свирежи.