Фудбал
ВИДЕО: Не само прв пораз, туку ДЕБАКЛ на Ливерпул
Ватфорд е екипата која ќе биде запишана во фудбалските книги во Англија, дека успеала во сезоната 2019/2020 да му го нанесе првиот пораз на Ливерпул. Претходно тоа не им успеа на многу посилни тимови, но Ватфорд не само што го совлада, туку го декласираше актуелниот европски првак.
Ова е прв пораз на Ливерпул по 423 денови. Тоа значи дека тимот на Јурген Клоп нема да ја заврши сезоната без пораз. Арсенал останува единствениот тим на кој му успеало тоа во сезоната 2003/04.
Ватфорд славеше со 3:0, а стрелци на головите беа Сар два пати и Дини еднаш. Сите голови „паднаа“ во вториот дел, а Ливерпул играше во најсилниот состав.
Standings provided by Sofascore LiveScore