Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Неговиот тим испадна од Премиер лигата, тој го опцу ТВ репортерот во живо, а потоа се извини: Не сум толку стар!

Со поразот од 3:2 од Арсенал, Ватфорд испадна од Премиер лигата, а 32-годишниот Трој Тини е во центарот на вниманието на тамошната јавност, но и социјалните мрежи.

Имено, по мечот ТВ репортерот побара изјава од него во живо, па го праша:

-Дали е ова ваш последен меч за Ватфорд и дали ова може да значи дека е последен меч во кариерата?

Одговорот кој следуваше сигурно новинарот не го очекуваше.

-Не сум толку стар, ти непристојно копиле, одговори напаѓачот, но веднаш потоа почна да се извинува.