Фудбал
ВИДЕО: Нејмар го „сруши“ Јунајтед на „Олд Трафорд“, сега е комплицирано

ПСЖ славеше на гостински терен со 3:1 кај Манчестер Јунајтед и му се реваншираше за поразот на домашен терен во претходната пресметка. Два гола беа дело на Нејмар, еден постигна Маркињос, додека Рашфорд погоди за Јунајтед.
Откако Лајпциг славеше со 4:3 на гостувањето во Истанбул против Башакшехир сега состојбата се искомлицира. Три екипи, Јунајтед, ПСЖ и Лајпциг имаат по 9 бодови. Во следното коло Лајпциг го пречекува Манчестер Јунајтед, додека ПСЖ е домаќин на турскиот Башакшехир.
loading...
