Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нејмар предизвика нов скандал – Во тунелот го нападна играчот на Лил

Sвездата на ПСЖ, Нејмар предизвика нов скандал.

Бразилецот беше исклучен во 90. минута од натпреварот против Лил, каде неговиот тим го загуби натпреварот со 0:1, а Тијаго Џало го следеше во соблекувалната.

Двајцата се упатиле кон соблекувалните и по патот се скарале. Се дофрлаа еднен на друг, а потоа се отиде на повисоко ниво на навреди во кои Бразилецот беше во водство.

Нејмар успеа да го турне противникот, а потоа започна и физички да се справува со него.

За среќа, сè беше спречено од луѓе од двата клуба, па затоа беше избегнат поголем скандал.