Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Некогаш биле прваци, играа во полуфиналето од ЛШ, а сега навивачите им ги враќаат дресовите

На некогашниот шампион на Шпанија и полуфиналист во Лигата на шампионите, во последно време не му оди баш најдобро. Депортиво Ла Коруња на вчерашниот натпревар изгуби на свој стадион и го доведе во прашање пласманот во Ла Лига.

Екипата на Ројо Мајадахонда славеше со о:0, а домашната публика своите играчи ги испрати со навреди и исвиркувања.

Пабло Мари собра храброст и отиде да се поздрави со најверните навивачи на Депортиво, но доживеа вистинско понижување.

Централниот дефанзивец го соблече дресот го даде на публиката, меѓутоа никој не сакаше да го земе па го фрлија на теренот.

Навивачите преку соопштение по натпреварот порачаа дека од играчите сакаат храброст и борбеност на теренот во текот на сите 90 минути, а не дресовите после натпреварот.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com