Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Немили сцени во Англија, над 100 хулигани ја нападнаа полицијата, уште еднаш покажаа дека се најпроблематичните навивачи во Европа

Навивачите на Легијата од Варшава направија нереди при гостувањето во Англија.

Легија синоќа го одигра натпреварот од Лигата на Европа на „Кинг Пауер“ против Лестер, а навивачите од Полска повторно беа во центарот на вниманието.

Полјаците запалија факели, а потоа почнаа и физичка пресметка со полицијата на трибините. Според информациите од Англија, во тепачката учествувале повеќе од 100 хулигани на Легија.

Тие уште еднаш докажаа дека се меѓу најжестоките ултраси во Европа.

Инаку, тие самите предизвикаа нереди напаѓајќи ја полицијата, а снимките од немилите сцени брзо го преплавија интернетот.

Инаку, Лестер славеше со 3:1 и е на врвот во групата со осум бода, додека Спартак и Наполи имаат по седум, а Легија шест. Лестер во последното коло оди кај Наполи, додека Легија ќе им гостува на московјаните и ќе има шанса барем да оди во плеј-офот со победа за нокаут фазата на ЕЛ.

Реклама

Facebook

Реклама