Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нетрпеливост на тренингот – Мурињо одби да се ракува со Погба

Епизодата на Пол Погба на Олд Трафорд по се изгледа дека се ближи кон крајот.

Не е тајна дека францускиот фудбалер не е во најдобри односи со тренерот Жозе Мурињо, а откако остана без капитенската трака, Погба остана на клупата во елиминацијата на Манчестер Јунајтед во Карабао Купот од Дерби.

Дека односите помеѓу Погба и Мурињо „експлодираа“ покажа и снимката на „Sky Sports“ од последниот тренинг на Манчестер Јунајтед. Португалскиот стратег одби да му пружи рака на Погба, на кој очигледно не му простил затоа што минатиот викенд по натпреварот со Вулверхемптон изнесе критики на сметка на Мурињо.

„Една работа е јасна и тоа е единствената работа која се променила во последните 24 часа. Селата ситуација сега е отворена“, напиша новинарот на „Sky Sports“ Џејмс Купер.

Се поизвесно е дека Погба ќе се раздели од повеќекратниот шампион на Англија уште на зима, а од претходно е познато дека во редот за негов ангажман стои Барселона.