Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Неверојатни сцени на „Маракана“, тренерот на Црвена Звезда погоден во глава, префрлен во болница

Црвена Звезда забележа пораз од дански Митјиланд со 0-1, а незадоволните домашни навивачи по мечот фрлаа со бројни предмети кон судијата и учесниците на натпреварот.

Најдебелиот крај го извлече кондицискиот тренер на домашната екипа Италијанецот Федерико Панончи. Бил удрен во главата и колабирал на теренот.

Набрзо се појавила брза помош која го однела во болница. Таму било констатирано дека имал пукнатина на черепот.

Шефот на стручниот штаб на Црвена звезда Дејан Станковиќ не се појави на прес-конференцијата по натпреварот, туку отиде во болница со својот колега од стручниот штаб.

Поради овие нереди, по натпреварот од 4.коло во Лига Европа, Црвена Звезда сигурно ќе се соочи со тешки казни.