Тајмаут
ВИДЕО: Неверојатни сцени во Лил, се слави титулата во францускиот шампионат
Фудбалерите на Лил ја освоија веројатно најважната титула во историјата клубот, бидејќи после точно 10 години, повторно успеаја да ја „украдат“ титулата од моќниот ПСЖ.
Лил дојде до својата четврта титула во историјата, а оваа има посебно значење. За тоа најдобро знаат навивачите и граѓаните на овој град кој има нешто повеќе од 200.000 жители и се наоѓа во северозападниот дел од Франција.
„Догите“ издржаа во последните кола, иако ремизираа во претпоследното коло против Сент Етјен, сепак, успеаја да го искористат киксот на ПСЖ од едно коло претходно кога „Светците“ ремизираа со Рен и ја задржаа предноста од еден бод со која влегоа во решавачката рунда.
Колку оваа титула има големо значење за овој клуб и овој град сведочи и преубавата прослава и огромниот број навивачи кои присуствуваа на историскиот настан.
https://twitter.com/dronepleinlavue/status/1396879960011427855/video/1