Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Незапамтени сцени во Мадрид, победа за Франкфурт и Ливерпул

Вечерва се одигра и преостанатите натпревари од 5. коло од Лигата на шампиопните.

Вистинска драма можевме да видиме на натпреварот Атлетико Маздрид – Баер Леверкузен

Натпреварот започна доста интензивно на двете страни. Диаби го отвори резулктатот во 9. минута од натпреварот и му донесе водство на Леверкусен од 0:1.

Во 22. моинута од натпреварот Караско погодува и израмнува на 1:1, а по само седум минути игра Хадсон-Оби погодува и го враќа Леверкусен во водсто од 2:1.

Во второто полуврем Де Паул погодува за 2:2 во 50. минута од натпреварот и со тоа го поставува конечниот резултат. Но вистинска драма следуваше не крајот кога судијата буквално ги враќаше играчите од соблекувалната бидејќи после прегледаниот ВАР беше досуден пенал за Атлетико.

Караско не успеа да погоди, а потоа Саул Нигез со глава ја погоди стативата. Сетоа тоа погледнете го тука.

Ливерпул со 3:0 издвојува победа на гостувањето кај Ајакс. Головите за Редсите ги постигнаа салах во 42. минута, Нуњез во 49. минута и Елиот во 52. минута од натпреварот.

Ајнтрахт Франкфурт ги израдува своите навивачи со победа над Марсеј од 2:1. Камада го отвори резултатот во 3. минута од натпшреварот и му донесе водство на Фреанкфурт.

Гуендози во 22. минута од натпреваротѕ израмнува на 1:1, а по само пет минути игра Коло Муани ги постави конечните 2:1.