Фудбал
ВИДЕО: Николов и Шериф Тираспол со убедлива победа против Брага
Шериф Тираспол за кој настапува македонскиот фудбалер Бобан Николов забележа убедлив триумф со 2:0 против португалска Брага, па се чини дека обезбеди добра предност пред реваншот кој ќе се игра другиот месец.
Македонскиот репрезентативец играше до 89-та минута, а неговиот тим до победата дојде со головите на Тил во 43-та од пенал и Траоре во 83-та минута.
Резултати Лига Европа
Барселона – Наполи 1:1
Борусија Дортмунд – Ренџерс 2:4
Шериф Тираспол-Брага 2:0
Зенит-Бетис 2:3
Аталанта – Олимпијакос вечерва
Порто – Лацио вечерва
Лајпциг – Реал Сосиедад вечерва
Севиља – Динамо Загреб вечерва