Фудбал
ВИДЕО: Николов промовиран -Имаше интерес од Бреша, Пандев ми кажа убави работи за Лече
Македонскиот репрезентативец преку видеоконференција е промовиран во италијанскиот тим Лече. Од новинарите беше прашан и за Бреша која имала интерес за него. Тој го призна тоа дека имало некакви разговори, но на крајот не испаднало ништо од тоа. Го одбрал Лече затоа што е клуб, како што вели, кој повеќето години од своето постоење игра во Серие А и дека клуб со долга традиција. Воедно порача дека Пандев му кажал убави работи за својот им.
-Пред еден месец почнав разговори со Лече, а Горан Пандев му кажа убави работи за клубот, за тимот. Кога ме контактираше директорот, бев среќен што Лече се интересира за мене и моја желба е да останам тука многу години.