Фудбал
ВИДЕО: Нокаутираше девојка со топката и отиде да се извини, нејзиното момче го пречека и направи „мангупски“ потег
Последното коло од МЛС го одбележа грда сцена.
За време на натпреварот од најсилната американска дивизија од Источната конференција меѓу Њујорк Ред Булс и Филаделфија Унион, кои победија на гости со резултат 2:0 и со тоа го зголемија водството на првото место.
Фрустрација поради негативниот резултат го обзеде играчот на домашниот тим Дру Јарвуд. Англискиот играч за врска не можеше да ги смири страстите откако беше досуден прекршок за неговиот тим.
Јарвуд насилно ја шутна топката во правец на трибините. Тоа беше директен нокаут во лицето на девојка која го следеше натпреварот со своето момче.
Играчот брзо сфати каква глупост направил и отиде да се извини. Тој ги прескокна рекламите, се качи на трибините и таму го дочека шок.
Имено, момчето на расплаканата девојка храбро застана пред Јарвуд и му кажа дека нема потреба да се извинува, тој дури и ја симна марамата и му ја фрли преку глава на фудбалерот на Њујорк Ред Бул.
Во таа прилика камерите снимија и едно момче кое плаче, очигледно потресено од целиот настан.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) September 4, 2022
Судијата немаше друг избор освен целосно да го исклучи Јарвуд, кој по натпреварот се извини за неговиот непромислен потег.
„Безбедноста на сите кои присуствуваат на нашите настани во Ред Бул Арената е од најголема важност за нашата организација. Дру се кае и знае дека неговите постапки биле неоправдани.
Ќе преземеме чекори за да не се повтори ова. Ние, заедно со Дру, ќе продолжиме да бидеме во контакт со семејствата за да ја провериме нивната состојба.
Сакам од се срце да им се извинам на навивачите кои ги погодив со топката што ја шутнав на саботниот натпревар. Моите емоции ме совладаа овој ден и ја разочарав целата организација и секој фан на Њујорк Ред Бул.
Се надевам дека навивачите се добро и ќе можат да ми простат“, се вели во заедничката изјава на Јарвуд и Њујорк Ред Бул.