Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ноќта која го промени животот на Самир Хандановиќ, во дрес на малиот клуб го сопре ранетиот великан

Словенечкиот голман Самир Хандановиќ долги години е меѓу најдобрите голмани во Серија А.

Хандановиќ забележа неколку одлични настапи на голот на Интер, а денес е еден од главните адути на Нероаѕурите иако има 37 години.

Споменатиот голман се претстави во Италија како член на Удинезе, но една позајмица од Удине засекогаш му ја промени кариерата.

Хандановиќ дојде во Удинезе од Домжале во 2004 година, но на почетокот не играше многу, што резултираше со разни позајмици, а позајмицата од 2006 година засекогаш ќе го одреди текот на неговата кариера.

Таа година Хандановиќ беше позајмен во тимот на Римини кој се натпреваруваше во Сеирја Б и собра 39 настапи за овој мал клуб, но натпреварите против Јувентус ќе останат во сеќавање. Во тој период Јувентус испадна во Серија Б поради аферата „Калчополи“, а на два меча против Римини ремизираше 1:1, односно 0:0. На двата меча на голот на Римини блескаше Самир Хандановиќ, особено на гостувањето во Торино.

Таа сезона Јуве се врати во Серија А, Џанлуџи Буфон беше најдобар голман во лигата, а Самир Хандановиќ на второто место.

Тоа беше знак за Удинезе да го врати Хандановиќ, кој во следните пет сезони ќе блесне во тимот од Фриули, а во 2012 година ќе има покана од Интер и трансфер на кариерата. Станува легенда на миланскиот клуб и собори неколку редкорди.

Хандановиќ моментално има 326 настапи за Интер, а за словенечката репрезентација бранеше 60 пати во периодот од 2004 до 2015 година.