Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО Ноле доби понуда за брак среде натпревар! Еве што кажа!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ важи за посакуван човек, а потврда за тоа дојде на мечот кој го одигра против хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ во првото коло на Австралија Опен.

Првиот светски рекет потешко од очекувањата триумфираше со 3:1 (6:2, 6:7, 6:3, 6:4) против Дино Прижмиќ, кој има само 18 години и е двојно постар од него.

Но, иако Ноле е во доцните спортски години, многу жени и завидуваат на неговата сопруга Јелена, што можеше да се забележи во моментите кога Ноле се подготвуваше да служи.

Имено, од публиката се слушнал глас, а некој му рекол на Србинот „омажи се за мене“.

Ѓоковиќ итро се насмевна и кратко рече:

„Јас сум оженет“ , по што доби аплауз од трибините.

Инаку, имаше и помалку убави работи, па Новак во еден момент се сврте кон публиката бидејќи некој зборуваше за време на поените, што го налути, па поради тоа бурно викаше.

„Ќути бе, ***“, викна тој кон трибините.

По реакцијата на Новак на трибините, една навивачка беше прикажана како плаче.

Advertisement