Фудбал
ВИДЕО: Нова катастрофа на Барселона, пораз од 3:0, без ниту еден директен удар во рамките од голот на Бенфика
Барселона продолжува со лошите резултати во ЛШ. По два одиграни меча во групата, Каталонците се на последното место без освоен бод, без постигнат гол и со шести примени голови. По поразот од Баерн Минхен во минатото коло од 3:0, со идентичен резултат и пораз се враќаат од гостувањето кај Бенфика.
Новиот пораз на Барса го најави Нуњез по само три минути игра, во 69-та Силва зголеми на 2:0, а со вториот гол на мечот Нуњез ги постави конечните 3:0 во 79-та од пенал.
Од оваа група, Баерн Минхен стигна до убедлива победа. Славеше со 5:0 над Динамо Киев. Левандовски беше стрелец на два погодока, а по еднаш стрелаа Гнабри, Сане и Чупо Мотинг. Баерн е прв со 6 бодови, следува Бенфика со 4, Динамо Киев има 1, Барса е без бодови.
Резултати ЛШ, 2 коло (среда)
Аталанта – Јанг Бојс 1:0
Зенит – Малме 4:0
Баерн Минхен – Динамо Киев 5:0
Бенфика – Барселона 3:0
Јувентус – Челзи 1:0
Манчестер Јунајтед – Виљареал 2:1
Салцбург – Лил 2:1
Волфсбург – Севиља 1:1