Фудбал
ВИДЕО: Нова навивачка песна за бодрење на Македонија на ЕП
По официјалната химна на нашата репрезентација „Одиме на Европско“ од ВИС РИСОВИ, денеска дуото ДНК со своите пријатели ја лансираа новата навивачка песна посветена на нашата фудбалска репрезентација и настапот на ЕП.
Оооо оооо Македонија на Европско…. Сите сплотени сме заедно…. Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно… вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која момците од ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство.
– Им посветивме песна на фудбалерите кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација. Затоа решивме да направиме и вакво видео во кое буквално целата естрада за прв пат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери… и сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите кои имаат свое место во овој видеозапис. Сакаме навистина и од СРЦЕ да им се заблагодариме на сите, особено на нашите фудбалери за одвојувањето од нивното време да снимат кратко видео каде што сите ќе ги видат во едно поинакво светло од она на терен. Вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски. Особено мора да му се заблагодариме на Илија Несторовски, кој беше главна алка и спојка, и кој воедно ги потсетуваше сите навреме да испратат видео, велат Панчо и Андреј, кои се особено горди на тоа што дел од кадрите им припаѓаат и на оние кои се главни јунаци во целата оваа приказна – фудбалските репрезентативци.