Фудбал
ВИДЕО: Нова трагедија на фудбалските терени, фудбалер почина од срцев удар
Фудбалерот Мукхалед Ал Ракади, кој имал 29 години починал од срцев удар и тоа за време на загревање пред фудбалскиот меч на неговиот тим Мускет против Ал Савига, во рамките на фудбалското првенство на Оман.
Иако веднаш му била укажана лекарска помош и бил пренесен во болница, сепак лекарите не можеле да го спасат.