Фудбал
ВИДЕО: Новинар се јави во емисија и призна дека е заразен со коронавирус, бил на мечот Аталанта-Валенсија
Коронавирусот има големо влијание врз спортот во Италија, особено на фудбалот. Мечевите се одложувани, играни пред празни трибини, е се шпекулира дека дури Олимписките игри во Токио би можеле да бидат одложени.
Жариштето на епидемијата е во Северна Италија, а според информациите Шпанците кои минатата недела го посетиле Милано лошо поминале.
Имено, шпанскиот новинар од Валенсија, Кике Матеу кој патувал во Милано за мечот од Лигата на шампионите на 19 февруари помеѓу Аталанта и Валенсија е заразен со коронавирус.
Овој 44-годишен новинар бил позитивен на првиот тест, а примерокот е испратен на анализа во Мадрид.
Пациентот е во болница во Валенсија, а лекарите соопштиле дека има многу мали симптоми, кои дури наликувале на настинка.
??️Hablamos con @kike_mateu, contagiado de coronavirus:
“EL CORONAVIRUS ME HA FICHADO”.
? EXCLUSIVA #JUGONES ? pic.twitter.com/u5M1S1f6ga
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) February 27, 2020