Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Очекувавме спектакл и голема битка, добивме едно големо ништо, очајно дерби на Јунајтед и Сити

Љубителите на фудбалот очекуваа многу од градското дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Наместо тоа, едно големо ништо, или подобро речено очаен натпревар.

Најдобрата шанса ја пропушти Ријад Марез во 35-та минута, кога Де Хеа го одбрани неговиот удар во ситуација еден на еден. Тоа беше и најинтересниот момент во првите 45 минути кои завршија со по само еден директен удар кон головите.

На почетокот на вториот дел беше досуден пенал за домаќините, откако Кајл Вокер беше невнимателен, но ВАР снимката потоа откри дека имало офсајд во акцијата по која е досудена најстрога казна.

До крајот на мечот нападите се менуваа, ни ниту една екипа не создаде некоја 100 процентна шанса, па дуелот заврши со почетните 0:0.

Манчестер Јунајтед е седми на табелата со 20 бодови, а Сити позиција подолу со еден бод помалку.