Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Од август минатата година одигра само 46 минути, но вечерва за 60 секунди ја „тресеше“ Барселона

Маријано Дијаз ќе ја памети вечерта долго време. Само што влезе во игра во првата минута од судиското продолжение против Барселона, на местото на Бензема, веќе во следниот напад од контра ја затресе мрежата на Каталонците за конечни 2:0 во корист на Реал Мадрид.

Голот го постигна по неполни 60 секунди на теренот. Но, она што е интересно е тоа што во дресот на Реал Мадрид во сите натпреварувања, од август минатата година одиграл вкупно 46 минути и тоа во Супер купот.

Пред да настапи на Суперкупот не беше повикуван за мечевите, а на почетокот на оваа година се повреди и ова му е прв пат да се најде во составот по повредата.

Маријано Дијаз ќе ја памети вечерта долго време.