Фудбал
ВИДЕО од кавгата на Лампард и Клоп: Оде*и не те прашувам тебе
Менаџерот на Челзи, Френк Лампард не го издржа поразот на својата екипа и немоќта во еден дел од мечот против Ливерпул, кој беше во расположение да ја прослави титулата во стил.
На крајот, го сторија тоа, со пет гола во мрежата на големиот ривал, што беше еден вид одмазда за губењето на титулата пред неколку сезони и славното лизгање на Жерард против „сините“ од Лондон.
? #ManCity Legend Frank Lampard bodying Jurgen Klopp!
— City Chief (@City_Chief) July 23, 2020
Сепак, Френк Лампард очигледно беше подготвен да го расипе нивното славење, а неговата анксиозност кон Ливерпул експлодираше откако во еден момент тој насилно протестираше пред судијата заради фаул, за кој сметаше дека не постои.
Откако слушна огорченост од клупата на Ливерпул на неговиот коментар, тој дури и отиде на клупата на „црвените“, додека делегатот застана пред него и го спречи да направи сериозен скандал.
Но, Лампард беше засрамен во секој случај затоа што во неколку наврати ја нападна клупата, иако делегатот го спречуваше да го помине ограничувачкиот простор. Јирген Клоп исто така се обиде да го смири, но Англичанецот го прекори со „седи доле“.
„Не беше фаул, не те прашувам тебе“, му рече тој на Клоп, по уште следеше уште едно скандалозно пцуење.