Фудбал
ВИДЕО: Од лидерска позиција на трето место, Лацио го „скокна“ Интер
Лацио го доби дербито на колото против Интер со 2:1 во фантастичен меч одигран во Рим. Со оваа победа Лацио го „скокна“ Интер. Сега е на второто место, а „Нероаѕурите“ иако беа лидери до ова коло, сега паднаа на третото место.
Прв поведе Интер со прекрасен гол на Јанг. Лацио израмни во вториот дел по грешката на дефанзивата на гостите и направениот пенал од Де Фрај. Сигурен беше Имобиле.
Победничкиот гол го постигна Милинковиќ-Савиќ во 69-тата минута. Ова е прв пораз на Интер на гостински терен оваа сезона. Последен пат „Нероаѕурите“ загубиле во мај минатата година од Наполи.
Standings provided by Sofascore LiveScore